| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски се враќа во бундеслигата, потпиша за Рајн-Некар Левен

Првиот голман на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски направи мегатрансфер и потпиша договор со лидерот во бундеслигата Рајн-Некар Левен.
Искусниот чувар на мрежата во изминатите две години го носеше дресот на Кретеј, а во Германија се враќа откако претходно настапуваше за Гумерсбах.
Тој за спортскиот портал Екипа, го потврди трансферот и е задоволен од условите и можноста да се бори за сите трофеи оваа сезона каде настапува германскиот лидер во шампионатот.

– Поканата и понудата од великан како Рајн Некар Левен, што се бори за трофеј на сите фронтови ме натера повторно да се вратам во Германија. Договорот е за времетраење од две и пол години и со нетрпение го очекувам почетокот на оваа нова авантура – изјави Ристовски за ЕКИПА.

Ристовски денеска ќе настапи за Кретеj на мечот со Сесон, по што во текот на утрешниот ден ќе замина за Германија. Тој со својот тим од јануари ќе учествува и во Лигата на шампионите, каде неговиот тим ќе се сретне со македонскиот првак Вардар, како и со својот добар пријател од репрезентативниот дрес, Кире Лазаров со Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top