Едно лице е повредено денеска во тешката сообраќајна несреќа што се случи во 12.10 часот, на регионалниот пат бр.11-05, Валандово – Дојран, во близина на индустриската зона Раброво, известуваат за „Република“ од СВР Струмица.
Во сообраќајката учествувале автомобил „голф“, сопственост и управувано од Н.Б. (23) од Р. Бугарија и автомобил „фиат пунто“ управувано од А.И (32) од Валандово.
Повредено е момче од Валандово, кое со амбулантно возило е пренесен во Медицински центар – Струмица.
Увидот на самото место по овластување од јавниот обвинител сè уште трае.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



