| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија порача дека ќе враќа економски емигранти

словенија

Словенија денеска соопшти дека ќе почне да враќа економски емигранти што доаѓаат преку соседна Хрватска откако УНХЦР објавија дека и други балкански држави почнале со ограничување на бранот емигранти дозволувајќи само минување на Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Полицијата соопшти дека ќе се пуштаат само емигранти од држави во кои има вооружени конфликти.

– Официјално ја известивме Хрватска дека ќе враќаме групи економски емигранти. Сè уште не сме добиле одговор од хрватска страна- изјави Драго Менегалија портпарол на полицијата.

Претходно УНХЦР соопшти дека Србија и Македонија ограничиле проток на мигранти дозволувајќи минување само на Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top