Србија и Македонија го ограничија пропуштањето на имигрантите преку своите граници и на нивните територии дозволуваат влез само на бегалци од Сирија, Иран и Авганистан, соопшти денеска Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во Белград.
Како што јави Танјуг, портпаролката на Канцеларијата на УНХЦР, Мелита Шуњиќ изјави дека двете земји ги враќаат имигрантите од другите држави, па така стотици од нив останале на границите.
– Од вчера од 18 часот, Србија почна во Македонија да ги враќа сите имигранти кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан, нагалси Шуњиќ, додавајќи дека по ова, во текот на ноќта, околу 3 часот, и македонската полиција почнала да не им дозволува влез во земјата од Грција на имигранти кои не се Сиријци, Ирачани или Авганистанци.
Таа нагласи дека поради ова околу 100 бегалци „останале заробни на ничија земја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст