| четврток, 6 декември 2018 |

Загаден воздухот во Скопје,Тетово, Битола и Велес

Во Скопје, Тетово, Битола и Велес утрово регистрирано загадување на воздухот.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоки концентрации на ПМ10 измерија во Гази Баба 270 микрограми на метар кубен, Тетово 197, Битола 169, Центар 159, Карпош 147, Лисиче 135, Ректорат 113 и во Велес 96 микрограми на метар кубен.

Над дозволените концентрации ПМ10 честички има и во Кавадарци, каде се регистрирани 43 микрограми на метар кубен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top