Бизарен инцидент се случил во Шпанија на натпервар од аматерските лиги. На натпреварот од шпанската аматерска лига меѓу Абеса и Габие во Градана помошник на главниот судија била жена.
Главниот судија Хесус Лоренцо Родригез во извештајот по натпреварот го навел инцидентот.
Инцидентот се случи во 80.минута од натпревар кога гол маж се симна од трибините и потрча кон помошниот судија со цел да го удри со пенисот -стои во официјалниот извештај на главниот судија.
По брзата рекција на полицијата тој е уапсен, а подоцна се покажало дека навивачот е всушност фудбалер на Селтик де Пулинас кој се натпреварува во истата лига.
Линискиот судија е жена која живее во Гранада и добро ги познава фудбалерите. Таа за полицијата изјавила дека добро го познава напаѓачот.
– Носеше облека на својот клуб. Добро го познавам фудбалерот бидејќи веќе судев неколку натпревари на неговиот клуб – изјави судијката, чие име не се обелоденува во Шпанија.
не е познато зошто фудбалерот тоа го сторил, дали можеби бил незадоволен од судењето или се работи за нешто друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.