| четврток, 6 декември 2018 |

Во кичевско уловен вепар тежок 300 килограми (фото)

VEPAR-INFOAMKS-30b6x66chuau5mu06d4d1c

Вистинско чудовиште уловиле група ловџии од Кичево. Во месноста Гавранов Камен во селото Речани  ловџиите застрелале див вепар тежок неверојатни 300 килограми, пренесува Нова Македонија.

Со лов се занимавам повеќе од половина век, но ваква ловина досега не сме имале, бидејќи нашето друштво  успеа да застрела див вепар капиталец, што кога го измеривме, верувале или не тежеше над  300 кг. Сме ловеле диви свињи со тежина и до 200 кг. , но, со вакво чудовиште никогаш и никому од нашиот регион не му се случило да се врати дома. Дури не сме слушнале дека ваков горостас е застрелан и во поширокиот регион – вели за Нова Македонија Даме Петрески, член од друштвото на Томе Кузманоски, долгогодишен ловџија од Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top