Во ОУ „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром беше промовиран Готвач за здрава храна во рамки на проектот „Воведување на претприемачкото учење во образовниот систем на Република Македонија“.
Готвачот содржи збир на рецепти за здрава и избалансирана храна, во чија подготовка помогнаа дел од учениците, родителите и наставниците.
Инаку, од минатата учебна година ООУ „Лазо Ангеловски” се вклучи во пилот-проектот за воведување на претприемништвото како дел од наставниот процес, со цел да го интегрира претприемништвото во наставните планови и програми од VI до IX одделение со поддршка на Европската унија. Целите од овој проект се насочени кон развивање на критичкото размислување, практична примена на изученото од наставните програми и поттикнување на доживотното учење.
Исто така, наставниците се запознаваат со нов начин на применување на методите и техниките во наставата, а учениците го менуваат концептот за учење за оценка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст