Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска во Кинотека на Македонија ќе промовира краток документарен филм за досегашната работа поврзана со заштитата на балканскиот рис.
Претходно ќе одржи прес-конференција по повод ставањето на балканскиот рис на црвената листа на загрозени видови како критично загрозен подвид на евроазискиот рис од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).
– Ова научно достигнување се случува десет години по почнувањето на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис“ кој Македонско еколошко друштво го спроведува во соработка со пет партнерски организации од Албанија, Косово, Црна Гора, Германија и Швајцарија, информира МЕД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст