| четврток, 6 декември 2018 |

Начинот како се држите за раце зборува многу за врската (ФОТО)

210204_nKrbRiWw

Меѓучовечките односи се еден од најважните делови од животот.Со вашиот партнер, децата или пријателите – квалитетот на односот често го одредува и квалитетот на животот.

За подобро да го процените сопствениот однос, доволно е да обратите внимание на малите работи.На пример, начинот на кој ја држите раката на вашиот партнер.

1. Едната дланка во другата дланка

Можеби е еден од најчестите начини…Оној чија дланка е од горната страна, тој исто така има слична доминантна положба и во врската.

 

2. Замрсени прсти

Паровите кои ја сакаат оваа положба на дланките, сакаат засекогаш да бидат блиску еден до друг.Тие се навистина поврзани со физичката привлечност, но исто така и многу подлабоко.Немаат проблем на саканата личност да и ја покажат својата ранливост.

 3. Потпирање за прстот

nacinot-na-koj-se-drzite-za-race-so-partnerot-moze-da-vi-ja-opise-vrskata-03

И двата партнера се независни личности кои си имаат свои лични страсти и интереси надвор од односот.Уживаат во самостојноста и важно им е да ја сочуваат индивидуалната слобода.Но сепак, постои длабока врска во нивниот однос.

4. Држење за прст

Овде се работи за опуштена врска! Можеби не изгледа толку интимно, но всушност е доста романтична и разиграна врска…

 

5. Преку рамената

Се работи за навистина близок однос.Ова е многу повеќе од просто држење за раце.Овде контактот се пренесува и на целото тело.Делува заштитнички, затоа што префрлувајќи ја својата рака преку рамената на партнерот, оддавате впечаток на заштитник.

 

6. “Пасивно“ држење за рака

Во овој случај, партнерот одлучно ја зема раката на оној другиот.Нема потпирање еден на друг и се делува силно и недефинирано.Не е искажана никаква наклонетост на едниот кон другиот и емоциите слабо доаѓаат до израз.

 

7. Мојата дама

Начин кој често е забележан на венчавки, но и во филмовите во кои се прикажуваат кралските балови и поканата за танц.Сведочи за здрава врска, полна со почит, која е изградена на доверба и воодушевување.

 

8. Лабаво држење за рака

Можеви и најсамоуверениот начин на држење за рака.Покажува голема доверба меѓу партнерите и стабилен однос.Иако ставот е доста опуштен, повторно е интимен и дава прилика уште повеќе да се приближите до партнерот.

 

9. Држење за зглоб

Ова движење може да се чини и помалку агресивно.Но, всушност е спротивното: овде не само што се испреплетени вашите дланки, туку и целата рака.Значи, ставот е повеќе од интимен и страстен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top