| четврток, 6 декември 2018 |

Голема потера вечерва во Сараево: Вахабист убил двајца војници, третиот го ранил

Двајца војници се убиени, а третиот е ранет денеска околу 19.30 часот во вооружен напад во сараевската населба Рајловац.

Kaко што пренесува „Дневни аваз“ настанот се случил во кладилница сместена до војничката касарна, а веднаш по пријавата за пукотници пристигнал голем број на полициски патроли.

Според „Кликс.ба“ напаѓачот влегол во обложувалницата и отворил оган од автоматско оружје. Откако излегол од кладилницата, напаѓачот пукал и кон автобус кој во моментот се наоѓаал во близина, по што се дал во бегство.

Босанските медиуми го открија идендтитетот на напаѓачот, за кого велат е познат како момче на лош глас.

Директорот на Државната агенција за заштита и истрага на БиХ Перица Станиќ изјавил дека засега нема потврда за мотивите за овој напад.

– Немаме потврда дека се работи за терористички чин, се надеваме дека не е – ијзавил тој.

Станиќ потврдил дека убиени се еден војник Босанец и еден војник Србин, додека за убиецот откри дека се верува дека е дел од вахабистичкото движење.

Полицијата наводно го лоцирала убиецот во една куќа, која во моментот ја држат под опсада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top