Неформалниот интернет феномен Анонимуси има цел да собере што поголем број на луѓе за да се приклучат во нивната борба против Исламската држава, поради што објавија и водич за заинтересираните кои сакаат да помогнат во идентификацијата и изведувањето напади на страниците и корисничките налози на ИД на социјалните мрежи.
Активистите по нападите во Париз ветија дека ќе ги разоткријат и дека ќе ги прогонат одговорните во „Операција Париз“ која веќе резултираше со индетификација и гаснење на илјадници исламистички налози на Твитер, нападнати се и избришани страниците кои се користат за обука на екстремистите, а најавен е и напад на одредени хаштагови.
Во овој момент добар дел од исламистите, кои се обидуваат да се приклучат на социјалните мрежи примат порака „базенот е затворен“.
Во водичот за почетници (The Noob Guide), како што пренесе Индекс, групата помага на секој што сака да влезе во „светот на хакирањето“ со упатства за кои се вели дека се лесни за разбирање.
– Вашиот придонес многу ни значи и ние ве охрабруваме, доколку можете, да учествувате во сите активности, колку сме повеќе толку е позабавно, истакнуваат членовите на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.