| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Со народот ќе ја пишуваме програмата, нашиот збор вреди (видео)

-Со народот и со екпертите ќе ја пишуваме програмата. Тоа ќе е нашиот нов успех – изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој најави дека денеска почнуваат заедно со граѓаните да ја пишуваат новата програма.

– Посакувам бомбардирање со идеи на кои силно ќе се посветиме и ќе се фатиме во костец да ги реализираме истите. Не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа, истакна Груевски.

Тој најави дека четири тима ќе поминат низ цела Македонија и од секаде ќе собираат идеи од граѓаните, а воедно додаде и дека како партија повторно ќе започнат со трибини.

-Нашата програма граѓаните ја чувствуваат како своја бидејќи знаат дека се што во неа ќе биде реализирано. Како резултат на барањата и идеите на граѓаните досега се реализирани многу проекти во сите градови во Македонија. Денес треба да се стремиме кон напредок, додаде Груевски кој денес побара граѓаните да бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2016-2020.

Претседателот на владејачката партија потенцираше дека и оваа програма ќе биде реална како што се сите претходно.

-Противници ќе ветуваат чуда, но народот е мудар и знае да разликува што е остварливо, а што не. Знае да разликува и кој држи до зборот. Ние оставаме за нас да говорат делата. Тргнуваме во нов циклус, во нов поход за нови идеи. ВМРО-ДПМНЕ е сервис на граѓаните, додаде премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top