Русија нема да ги смени своите планови за воздушните напади во Сирија по потврдата дека експлозија на бомба е причина за падот на рускиот патнички авион во Египет, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека воздушните напади не се доволни за постигнување успех во борбата против Исламска држава туку е потребна и помош во операциите на терен, што ги спроведува сириската војска.
Директорот на Федералната безбедносна служба на Русија, Александар Бортников вчера изјави дека падот на рускиот авион над Синајски Полуостров на 31 октомври е последица на експлозија на бомба.
Рускиот претседател Владимир Путин вети дека виновниците за нападот ќе бидат пронајдени и казнети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


