Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-818, Авганистан–328, Ирак-186, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до 17-ти ноември издадени се потврди на вкупно 254.959 странски државјани, од кои, 150.720 се од машки пол, 38.623 се од женски, 52.304 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.312 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-157.348, потоа Авганистан-55.913, Ирак-20.750, Иран-6.022, Пакистан-5.355, Палестина-2.130, Сомалија-1.270, Бангладеш-1.206, Мароко-1.204, Конго-514, Либан-429, Алжир-442, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 17-ти ноември, до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17-ти ноември евидентирани се вкупно шест баратели на азил, три мажи, една самохрана мајка и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита два баратели на азил (малолетно лице со придружба на старател и еден маж) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


