Тоа е практика во градовите во западна Европа, билетот се купува еднократно, а би важел во текот на 24 часа или, пак, само 90 минути.
Станува збор за нов тип наплата, која треба да ги исфрли од употреба досегашните картички, ќе ја намали готовината кај возачите, времето на стоење на постојките, а и претпријатието ќе има поголема контрола врз прометот. Тоа се карти што ќе се надополнуваат по припејд-принцип, како мобилните телефони.
Понудите од тендерот за понудувачи, пријавени за спроведување на електронската наплата во 350 автобуси, ќе се отвори на 22 април годинава. Требаше во февруари, но рокот за доставувањето на понудите беше продолжен поради локалните избори.
Тендерската документација ја подигнале 16 фирми. Ако се избере најповолен понудувач, тогаш рокот за воведување на системот е една година од потпишувањето на договорот. Новиот начин на наплата беше најавен за изминативе години, но ЈСП се откажа од јавното-приватно партнерство со словенечката фирма „ЕМ тест“ и реши да го воведе самостојно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.