-Тие уште додека беа живи изгледаа како зомби. Беа во одвратна состојба, едвај се движеа….
Терористите кои во париската сала „Батаклан“ држеа луѓе како заложници разговарале со полицијата пет пати пред полицијата да влезе во салата и да ја приведе кон крај опсадата, чпренесува британски „Телеграф“.
Двајца бомбаши самоубијци се заканувале декаќе им ги исечат главите на заложниците и секои пет минути по едно обезглавено тело ќе фрлаат низ прозорецот доколку не се повлече полицијата.
Исто така ги мачеле заложниците барајќи од нив на глас да кажат дека се согласуваат со колежот за да почувствуваат ист таков страв каков што чувствуваат луѓето во Сирија.
Овие застрашувачки детали излегоа на виделина по сведоштвото на неколкумина полицајци кои учествувале во акцијата. Исто така некои сметаат дека повеќе животи би се спасиле доколку полицијата реагираше порано.
Првите полицајци стигнаа на местото на трагедијата околу 22 часот и погодија еден од најмалку тројцата терористи кој веднаш загина бидејќи експлодираше неговиот елек со експлозив. Но, полицијата во тој миг наместо да ја преземе контролата нас ситуацијата се повлече. Дури околу 22.15 часот дојде посебна антитерористичка единица на која и требаа повеќе од два часа да ги пронајдат и да ги убијат преостанатите двајца напаѓачи.
Ова е војна
Во 21:40, околу еден чад од почетокот на концертот на групата „Eagles of Death Metal“, Омар Исмаил Мостефаи, Сами Амимур и третиот засега неидентификуван терорист влегоа во салата убивајќи го обезбедувањето на врата. Се качиле на галеријата и оттаму почнале со куршуму да ја опсипуваат публиката во партерот.
„Ова е војна„ И штотуку почнува! Ќе убиваме невини!“, викаше еден од напаѓачите.
Околу 22:15 стигна елитната антитерористичка единица и таму затекна само мрак и тишина која ја прекинуваше само ѕвонењето на телефоните во џебовите на луѓето кои се претвораа дека се мртви.
-Кога влеговме внатре беше мрачно. Десеттици тела лежеа едно преку друго мртви, ранети, преживеани… Беше како во пеколот на Данте, им рече еден полицаец на новинарите од „Ле Модн“
-Смрдеата беше невозможна, тишината неподнослива.
Изгледаа како зомби
За да проверат дали сеуште има терористи во зградата, полицајците пред 23 часот се качија на скалите до галеријата чекорејќи преку тела, чаури од куршуми, додека преживеаните лесно се креваа од подот.
-Изгледаа као зомби. Беа во грозна состојба и едвај се движеа, раскажуваа полицајците.
На крајот од скалите почна да им се укажува прва помош на повредените.
Откако го провериле горниот кат, полицајците околу 23.15 дојдоа до последната врата зад која се слушаше глас на еден од заложниците кого терористите го испратиле да преговара со полицијата.
Викаше дека терористите се сеуште тему и дека се ќе кренат во воздух ако се обидат да ја отворат вратата.
Таму имаше сеуште многу терористи кои држеа 20 заложници меѓу кои и Себастијан-херојот кој ја спаси бремената жена која висеше од прозорец.
Преговори со полицијата
Терористите им наредија на заложниците да ја пречат полицијата да влезе и ги заплажуваа дека доколку не ги послушаат се ќе кренат во воздух/ На прашањето дали разбираат, само најхрабрите климаа со глава и тивко изустија: да.
На крајот тие се согласиле да го дадат својот број на телефонот и бил направен контакт точно во 23.27 часот. Преговарачот ги праша какви се нивните барања.
Не сакаа да ги пуштат заложниците и се закануваа дека ќе им ги исечат главите ако полицијата се обиде да влезе и дека секои пет минути по едно тело ќе фрлаат од прозорец.
Во следните 50 минути изменети се неколку повици, но преговорите не доведоа до поместување.
Себастијам еден од терористите го прашал дали има запалка и дали парите му значат многу во животот. Овој одговорил дека не му значат ништо, сметајќи дека тоа е одговорот кој сака да го слушне. Потоа извадиле банкнота од 50 евра и му наложиле да ја запали. останатите зложници подоцна ми се заблагодарија затоа што не сакав да се правам херој. Вистинските херои се убиени додека се обидувале да ги спасат другите, раскажа Себастијан.
По неуспехот на преговоротите полицискиот заповедник дваесеттина минути по полноќ наредил да се движат. Почнале со акција и влегле во просторијата каде фрлиле димни бимби, а потоа се пробиле напред во двојки, заштитени со посебни метални штитови на тркалца. Штом се отвори вратата, терористите почнале да пукаат и само во полициските штитови се најдени 30 куршуми од калашников.Заложниците врескале и се фрлале по подот за да се заштитет. Кога ќе поминел полицаец покрај некој заложник останатите полицајци го влечеле надвор.
За чудо никој не беше повреден, а кога сите заложници беа на сигурно, полицајците отворија оган и погодија еден терорист. Другиот го активираше својот елек со експлозив и така уби двајца. Целата акција траеше околу 3 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


