| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Сите сакаа да ме пензионираат, но јас ги пензионирав нив!

Фудбалската репрезентација на Шведска ја елиминираше Данска во бараж дуелите за Европското првенство 2016 година, и се пласираше на завршнницата во Париз. Во главна улога беше најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ кој синоќа во реваншот во Данска ги постигна двата гола за нерешен искод од 2-2. Со вкупен резултат од 4-3 Шведска заслужено се радуваше за пласманот.
Секако после натпреварот се очекуваше изјава која е својствена на неговиот стил.

– Данците пред двомечот истакнуваа дека ќе ме испратат во пензија. Ете, сега јас цела Данска ја испратив во пензија! Судбина било јас да се простам со настап на Европско првенство. Сите велеа дека сум многу стар и дека веќе не сум толку добар. Но, се покажа дека не е така – изјави Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top