| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија уапсен емигрант со ист пасош како и парискиот бомбаш-самоубиец!

2-751-_thumb_medium500_338
Во Србија е уапсен маж, откако кај него полицијата пронашла сириски пасош, со податоци идентични на оние од пасошот пронајден во близина на телото на бомбаш-самоубиец во Париз.

Пасошот бил издаден на име на 25- годишниот Алмохаманд Ахмад, но со поинаква фотографија од онаа пронајдена во петокот во пасошот на бомбашот-самоубиец од Париз, пренесува „Гардијан“, повикувајќи се на извор од српската полиција .

Овој податок предизвикал загриженост и сомнеж дека пасошот, кој бил користен како документ на еден од напаѓачите, е всушност лажен.

Инаку, сѐ уште е нејасно дали бомбашот-самоубиец, кој се разнесе пред стадионот „Стад де Франс“, навистина минал низ Грција , Македонија , Србија и Хрватска, како што се претпоставуваше досега на основа на податоците од пасошот.
Bombas-samoubica-sirijski-pasos-Almohamad-Ahmad-1

Bombas-1

Bombas-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top