| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата уапси 16 лица во Париз во врска со петочните напади

paris antiterorПариската полиција денеска соопшти  дека во реонот на француската престолнина од неделата до сега се уапсени 16 лица во врска со нападите од петокот.

Органите на редот, исто така, извршиле 104 акции и заплениле шест парчиња огнено оружје, откако во саботата беше прогласена вонредна состојба.

Полицијата вели дека апсењата и акциите се насочени против „луѓе, оружје и предмети за кои постои веројатност да се поврзани со активности од терористички карактер”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top