Владата оддели 10.000 евра субвенции за градба на приватни градинки и 12. 500 евра за градба на приватни домови за стари лица. Оваа мерка подразбира дека секој оној кој што сака да гради приватна градника или дом за стари лица ќе има можност да ги користи субвенциите кои ги нуди Владата.
-Освен што градиме многу нови државни градинки, освен тоа што започнуваме подготовка за дуплирање на капацитетот на пензионерски домови, но за лица кои што се со пониски пензии и чии што пензии не се доволни за да можат да платат приватни домови за стари лица, даваме и субвенции за градба на приватни градинки и старски домови. Субвенциите изнесуваат 10 илјади вера за градба на градинка и 12, 5 илјади евра за градба на старски дом, подвлече премиерот Никола Груевски, кој денеска беше во посета на село Бардовци и населба Злокуќани.
Премиерот истакна дека со оваа мерка се очекува да се вработат околу 100 лица и да се обезбеди капацитет за околу 400 деца во приватни градинки и капацитет за околу 400 лица за во приватните старски домови.
-Внимаваме кога станува збор за пензионерските домови тоа што го гради државата да не бидат конкуренција на приватните инвеститори, заклучи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии