Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека за неколку седмици може да биде постигнат прекин на огнот меѓу сириската Влада и опозицијата.
Кери изјави пред резиденцијата на американскиот амбасадор во Франција, дека прекинот на огнот, предвиден во договорот од саботата во Виена, ќе помогне во напорите за борба против групата Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападите во Париз, како и за прекин на конфликтот во Сирија.
– Тоа е огромен чекор. Ако успееме да го постигнеме тоа, отвора можност за многу работи. Можеби сме на само неколку седмици од можноста за голема транзиција во Сирија рече американскиот државен секретар, кој пристигна во Париз за да покаже солидарност со Франција по терористичките напади од минатата седмица, во кои беа убиени 129 лица – рече Кери.
Се очекува Саудиска Арабија да биде домаќин на средбата на сириски опозициски групи до средината на декември, на која треба да се постигне согласност за делегација, која ќе биде пратена за преговори со претставници на сириската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!