| четврток, 6 декември 2018 |

„Анонимус“ урнаа 5.500 налози на „Твитер“ на исламистите

Благодарение на способните хакери што ги имаме во светот, успеавме да ги стресеме припадниците на Исламската држава, велат „Анонимус“.

Алекс Поучер, портпаролот на „Анонимус“, за „Раша тудеј“ изјавил дека оваа група нема мирно да седи и да го гледа теророт што го шират исламистите. На прашањето што ако исламистите им возвратат, тој одговорил:

-Немаат тие толку добри хакери, колку што имаме ние.

За потсетување, по терористичките напади во Париз, „Анонимус“ објавија видео со кое најавија дека ја почнуваат досега најголемата акција, а со порака „Очекувајте нè“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top