| четврток, 6 декември 2018 |

Почна асфалтирањето на влезната сообраќајница во Штип од Кочани

На стартот на градежните зафати присутен беше и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

– Благодарение на финансиската поддршка на ЈП за државни патишта и Македонската Влада, започнуваме со уредување на уште еден од влезовите во Штип. Со ова практично сите влезови во градот ќе бидат асфалтирани. Во 2013 беше асфалтирана обиколницата во Ново Село, при влез од Струмица и Радовиш, пред некој месец го завршивме влезот во Штип од Скопје и Велес а сега го уредуваме влезот и од Кочани кон Штип и сето тоа со финансиска поддршка на ЈП за државни патишта за што сме неизмерно благодарни – рече градоначалникот.

Според Захариев, сега ќе биде поставен едниот слој на асфалтот, а на пролет ќе биде поставен порамнувачкиот слој со што комплетно ќе се обнови сообраќајницата.

as2

– Ние побаравме 15 милиона денари, но во оваа прва фаза одобрени се пет милиона денари за првиот слој. Целта е да се оспособи сообраќајницата бидејќи ова е една од најоштетените улици во Штип и беше срамно кога посетители доаѓаат тука да го видат ова. Веќе на пролет со порамнувачкиот слој комплетно ќе се уреди патот. Сообраќајницата е во должина од над 2.5 километри и претставува значаен проект не само за Штип туку и за регионот – напомена Захариев.

До крајот на годината е предвидено асфалтирање на пет помали улици во населба Три Чешми и следи асфалтирање на дел од улица „Вардарска” а на пролет зпаочнува новата сезона, за што тендерски постапки веќе течат.

Според Захариев на пролет ќе се асфалтира патот до село Суво Грло а ќе се работи и на патно спојување помеѓу селата Врсаково кое неодамна доби асфалтирани улици и Трогерци како и улици во месноста Света Недела и Дузлачки рид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top