| четврток, 6 декември 2018 |

„Викиликс“ открива корупциски скандал во Белата куќа

wikileaks

Сајтот „Викиликс“ објавува 30 часа тајни записи и стенографија за корупција во Белата куќа.
Во скандалот за многу милијарди долари се вмешани 13 државни службеници од администрацијата на претседателите на САД, 10 на сегашниот Барак Обама, 3 на поранешниот Џорџ Буш помладиот.
Во моментов се спроведува истрага.

wikileaks-razkriva-korupcionen-skandal-v-beliq-dom-338865

Според податоците на „Викиликс“, корупцискиот скандал е поврзан со годишната програма „AbilityOne“, според која три милијарди долари биле наменети за плати на повеќе од 50 000 луѓе со ограничени можности. Поголемиот дел од парите (близу 2,3 милијарди долари) се преведуваат на други партнери преку организацијата „SourceAmerica“.
Според „Викиликс“, речиси половина од оваа сума не оди кај инвалиди, туку кај организации кои вработуваат болни со блага форма на инвалидност, наместо луѓе со тешки заболувања и парите на даночните обврзници одат за субвенции кои ги зголемуваат приходите на организацијата.
Дури 26 од објавените снимки се од разговори на водечкиот советник на „SourceAmerica“, Жан Робинсон и претседателот на една од организациите кои обезбедуваат работа на луѓе во нерамноправна положба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top