| четврток, 6 декември 2018 |

Бугаринот кој впери пиштол во политичар на говорница, се кандидира за пратеник

Бугаринот кој впери гасен пиштол во главата на лидерот на турското малцинство во Бугарија, Ахмед Доган додека овој говореше од говорницата на собир, сега се кандидира за пратеник на претстојните парламентарни избори.

25 годишниот Октај Енимехмедов е во притвор и против него се води постапка за смртна закана. Иако зад решетки, тој успеал да собере 8.000 потписи кои му овозможуваат да се појави како независен кандидат на претстојните избори. Бугарските власти треба да решат дали ќе ја прифатат неговата кандидатура поради тоа што се наоѓа во притвор.

–       Тешкото обвинение за обид за убиство значи дека нема да може да ја избегне судската постапка за време на изборната кампања, или да стане пратеник ако во меѓувреме биде осуден, соопшти изборната комисија од Бургас.

Ова не е прв пат криминалци да се кандидираат за пратеници во Бугарија. Во 2009 година озлогласените криминални босови, познати како браќата Галев, учествуваа  во изборите сакајќи да ги спречат судските постапки против нив за изнуда и рекетирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top