По терористичкиот напад во Париз, двајца млади луѓе во љубов имаа порака за целиот свет – и таа заслужува внимание.
Момче од Сирија и девојка од Париз се фотографирале со нивните пасоши и тоа со бакнеж и порака дека љубовта секогаш победува на крајот.
Тие на транспарентот кој заедно го држеле истакнале дека се колатерална штета на ситуацијата и дека токму тие го плаќаат најголемиот цех по ваквите страшни настани како што сега се случи во главниот град на Франција каде за време на терористичките напади се убиени 129 луѓе.
-Како француско – сириска двојка секој ден ја плаќаме цената на тероризмот, фанатизмот, расизмот, границите, оружјето…Од*бете. Љубовта секогаш ќе победи- гласи нивната порака испратена на целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.