| четврток, 6 декември 2018 |

Бендот ФРОДЕМ остана без пејач

Најновиот македонски бој- бенд се растури уште пред да засвири. Чекајќи соодветен тапанар кој би му дал ритам на овој Вокално инструментален состав, членовите засвиреа секој своја песна. Извори блиски на бендот велат дека во обидот секој да има подолг соло настап во заедничката песна ја надгласале пејачката искусна ѕвезда 3- ФУН (3- Fun) со рефренот за човекот:

„Да го разбудиме духот за мисија кон човекот,

ако успее, политичкото ангажирање е излишно,

грижата за народот ги надминува моите апетити   

Јас не сум сиромав, јас не кријам,

Јас не сум сиромав, далеку од тоа“

trifun kostovski go podrzuva protestot (Custom)По кавгата кој кого исклучил заради лидерски амбиции, вокалистот на Фродем  или двајцата  музичари кои се фаќаат за процедури за тоа како „пукнала тиквата“, бендот се надева дека ќе продолжи онаму каде застана со 3-ФУН.

Организираат натревар- тестирање „изговори ја реченицата наизуст“ која кандидатите мора да го положат за да застанат пред микрофонот на ФРОДЕМ.

tekstot za frodem

Блиски извори на бендот откриваат дека зад камерите течат преговори со најпопуларната мис во регионот, светот и пошироко, Дунавка Трифуновска, за да може да продолжи традицијата стара еден месец. Се открива и можното заштитено име за лидерката:  DoNow 3-Fun (ДуНоу 3-Фун).

Не се знае во кои музички води ќе продолжи 3-ФУН; но знаејќи дека предисе има претседателски совети, ова секако нема да биде негова последна песна. Имајќи го клучот од  бендовската електронска пошта, веќе се очекува „ФРОДЕМ- Ваистинска“.

Петел Бодичек

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top