Туниските власти уапсија група од 17 исламистички борци, со што е спречен голем напад врз хотели и припадници на безбедносните сили планиран за овој месец, соопшти висок претставник на Владата во Тунис.
– Спречивме голем напад овој месец, кој го подготвувала терористичката група врз важни објекти, хотели, згради на безбедносните служби, како и врз политичари, со цел да се создаде хаос во земјата, истакна началникот за безбедност во Министерството за внатрешни работи, Рафик Шели.
Тој нагласи дека борците биле обучени во Либија и Сирија и чекале наредба да го извршат нападот.
Групата Исламска држава презеде одговорност за двата напада извршени во Тунис оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.