Утрово околу 10 часот на автопатот Скопје – Велес кај Катланово се преврте товарно моторно возило -цистерна на „Оилко“. По сообраќајницата е истурен бензин, кој сѐ уште тече.
Нема повредени во сообраќајната несреќа, потврдуваат од СВР Скопје.
Сообраќајот се одвива нормално по една коловозна лента.
Полицискиот увид е во тек, по што ќе се знаат причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.