Десничарскиот американски неделен весник „Д викли стандард“ во напис објавен деновиве пишува за модното шоу што на трети април се одржа во атриумот на Амбасадата на САД во Скопје како дел од скопската Модна недела.
Воесникот го коментира модното шоу во контекст на најновото кратење на федералниот буџет на САД, кој само за дипломатските активности на Стејт департментот ќе скрати повеќе од 650 милиони долари според „Вашингтон пост“.
Секретарот за печат на Белата куќа, Џеј Карни, изјавил дека штетата направена со кратењето на буџетот нема да влијае врз помошта на САД на македонската модна сцена.
На модниот настан во Амбасадата на САД, кој имаше цел да го поддржи македонскиот економски развој во модниот и текстилниот сектор и млади стопанственици, учествувале министри, донатори, како и гости од бизнис- заедницата, модата и медиумите.
Со преку една милијарда долари помош од независноста САД е убедливо најголемиот донатор за проекти со кои се поддржува македонската економија и администрација.
фото: Профил на „Фејсбук“ на Амбасадата на САД во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


