„Безбели апстраклије“ е тефериџ панк-бенд од Сараево, создаден во 2014 година, кога сфатиле дека сè е апстрактно, а безбели е потврден збор во босанскиот јазик. Настанал како желба да бидат „раат од умот“. Тоа можат да го постигнат единствено кога го свират тоа што го сакаат – песните што ги создаваат во нивната музичка работилница, и тоа од чисти мераклиски импровизации. Тефериџ во Босна е кога се оди на отворено и на ражен се врти јагне, а во исто време се случува и корида на која се борат биковите на локалните селани.
Текстовите се инспирирани од средината во која живеат, што е животописна на целиот Балкан. Носат сараевски црн хумор, посветен на навредувањето на интелигенцијата на балканците. групата ја краси карактерен дизајн, што се гледа и во стилот и изгледот на членовите. Вокалот и гитарист Харис Љумановиќ уште познат како Турбо Авазлија, басистот Харис Кадениќ како Басистага и тапанарот Берин Тузлиќ – Естамлија (кој прекарот го добил по ритамот „естам“).
„Безбели апстраклије се бенд што сериозно провоцира секогаш кога ќе засвири, токму заради Тарантиновскиот акцент во нивната урбана музика. Минатата година го издадоа првиот албум насловен ’Kad je bal nek’ je kanibal‘. Вториот е насловен ’Suza suzu stize’“, што ќе ја доживее својата промоција низ неколку градови во Македонија.
Нивната музика се „врти“ на најпознатите радио станици во Хрватска, Босна и Србија, како: Радио БХ 1, Радио БА, Цити радио (во Босна), Радио 202 (Србија), Канал 101 и Отворено радио (Хрватска), и на телевизиите како: ХРТ, ТВСА, РТРС, Фејс тв, Н1, Пинк…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст