| четврток, 6 декември 2018 |

Лавеци ќе ја засили Барселона уште во јануари?!

Аргентинскиот репрезентативец Езекиел Лавеци е се поблиску до напуштање на редовите на ПСЖ. Тој е незадоволен од статусот кој го има во тимот на „светците“ и се повеќе се наоѓа на клупата за резервни фудбалери и не добива шанса за настап, посебно по доаѓањето на неговиот сонародник Анхел ди Марија ова лето.
За услугите на Лавеци се заинтересирани повеќе европски клубови, а се чини најблиску до трансфер во редовите на Барселона за сума од пет милиони евра.
Оваа информација на пренесе „Мундо Депортиво“ кој информира дека агентот на Аргентинецот во изминатите две седмици имал интезивни преговори со управата на каталонскиот гигант.
Голема улога за овој трансфер одиграле Лионел Меси и Хавиер Маскерано, кои се одлични пријатели на Лавеци, па го убедија раководството на клубот дека ќе има голема корист од крилниот напаѓач на ПСЖ.
Барселона на 1 јануари 2016 година ќе добие право за регистрирање на нови фудбалери откако ќе заврши суспензијата од ФИФА и сака тоа да го искористи на најдобар можен начин. Ќе бидат регистрирани Арда Туран и Алеиш Видал, но раководството сака да го засили тимот со уште неколку нови играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top