| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Петров и СДСМ вработувале лица со фалсификувани дипломи во Oпштина Карпош

Скандалозни вработувања од времето на СДСМ се откриени во Oпштина Карпош. Три лица со фалсификувани дипломи биле вработени во Oпштината во периодот кога Андреј Петров бил градоначалник.

opstina Karpos

Од Oпштина Карпош за „Република“ велат дека имале пријавено фалсификувана диплома за завршен факултет и земале плата како вработени со  високо образование, а всушност имале средна или, во најдобар случај, виша школа.

Едно од лицата се обидело да подметне фалсификувана диплома, но биле спречено и навреме откриено од службите и градоначалникот. Лицето со фалсификувана диплома од завршен факултет за физичка култура во Сараево сакало да аплицира на место со високо образование, како самостоен референт за спорт, а имало завршено само средно вечерно во Свети Николе.

Во вториот случај се работи за лице кое со фалсификувана диплома било на функција како овластен ревизор, место за кое е потребно високо образование.

Третото лице со фалсификувана диплома за завршено високо образование било вработено како помошник раководител на секторот за јавни набавки. Се работи за лице што со недооформено образование – виша школа, било ставено на сериозна функција, велат од Општината.

Овие лица се повлечени од функциите, а од општина Карпош најавуваат дека ќе продолжат со проверка на веродостојноста на документите што ги имаат поднесено вработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top