| четврток, 6 декември 2018 |

Монографијата „Сеќавања“ промовирана во Торонто

Во салата на катедралната македонска православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, во неделата, 15-ти ноември, се одржа промоција на двојазичната монографија „Сеќавања” од Дана Скендова-Скотланд во издание на издавачката куќа “Македонска искра” од Скопје.

Автобиографијата „Сеќавања” на Дана Скендова-Скотланд, е огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнување. Таа е животна приказна на семејството Скендови која започнала во познатото револуционерно село Неволјани, Леринско, во егејскиот дел на Македонија.

Монографијата содржи 222 страници, голем број фотографии и прилози, и претставува иселенички придонес во публистиката, како и дел од историјата и судбината на Македонците, особено од Егејска Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top