Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен изрази синоќа увереност дека џихадистичките движења немаат корист од бегалците што доаѓаат во Европа за да стигнат до Европа.
Според неа, терористите не би ризикувале да испратат луѓе по опасни патишта по кои минуваат бегалците. Таа повика да не се поистоветуваат тероризмот и бегалците.
Германскиот канцелар Ангела Меркел вчера повика да не се прави врска меѓу нападите во Париз и „многубројните невини бегалци“.
Таа ја повтори германската позиција дека се надева на праведно распределување на бегалците низ Европа. Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев најави дека наскоро во француската Влада ќе разгледа нормативни мерки за затворање на џамии во кои се проповеда радикален ислам.
Во изјава за Франс2 тој рече дека ќе треба да бидат екстрадирани луѓе кои во Франција проповедаат омраза, кои учествувале или има сомненија дека учествуваат во терористички активности.
– Ќе разговараме во Минстерскиот совет за можноста да затвориме џамии во кои се проповеда омраза – изјави Казнев.
Тој вели дека уште пред нападите од петокот биле зголемени средствата за службите за разузнавање – 1.500 нови работни места и речиси 220 милиони евра инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин