На босанско херцегвоачки портал „Вјест умета“ денес е објавена заканата дека на Босна и Херцеговина, но и на западниот свет му следи одмаздата на исламските терористи полоша од онаа која му се случи на Париз.
-Користиме прилика да им се обратиме и на (не) сигурни агенции во Босна и Херцеговина. Еј вие будали низаедни, ој вие телиња, па ниту толкава Франција ниту Америка со нивните (не) сигурни агенции не можат и не ги запреа нападите на нашите војници, робовите на Алах муџахедини врз вас и вашите држави, па како вие со своите едни (не) сигурни агенции тоа ќе го сторите? Па и птиците на гранките ви се смеат, што би кажал нашиот народ. На вас ви следи одмазда уште полоша од оваа и уште погорчлива – се наведува во известувањето на овој портал.
Нарекувајќи ги безбедносните агенции во БиХ „будали“ овој портал наведе дека „Босна е прекриена со крвта на муаџахедините кои се бореа да воспостават шеријат“.
-Неверниците мислеа и се уште мислат дека ако ги затворат патиштата и границите ќе го отежнат движењето на муслиманите. Се излажаа, тие само со тоа си се фрлија во ендек. Ги налутија муслиманите и направија нивните држави да станат воени зони во кои никој од страв нема да смее да се движи – се наведува во порталот.
-Знајте дека ниту помош ниту спас за вас нема- пренесе порталот.
Министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ вчера изјави дека овој портал е „баниран“ и дека е инсистира надлежните институции сериозно да го разгледаат информирањето до овој исламистички портал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Македонците во БиХ од денеска ќе патуваат само со лична карта
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица