Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека жртвите во париските терористички напади требало да бидат вооружени, бидејќи тоа било единствениот начин да се заштитат од напаѓачите.- Погледнете ја Франција, погледнете го Париз. Имаат еден од најстрогите закони во светот за поседување оружје. Ниту една од жртвите не била вооружена, а ги убивале еден по еден, истакна Трамп.
Републиканскиот претседателски кандидат нагласи дека напаѓачите убивале невини луѓе се додека специјалните полициски сили не пристигнале и не ги ликвидирале терористите.
– Можете да кажете што сакате, но да имале оружје ситуацијата би била сосема поинаква, истакна Трамп.
Една од основите на претседателската кампања на Трамп е токму заложувањето за носење оружје, бидејќи смета дека со тоа им се овозможува на луѓето да се одбранат од потенцијални напаѓачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.