| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од терористите бил регистриран сириски бегалец во Грција

Migrants in FYROM

Еден од терористите кои вчера го извршиија крвавиот масакр во Париз со себе имал сириски пасош. Неговото име е регистирирано во Грција на островот Лерос. Грчкиот министер за јавен ред Никос Тоскас потврди дека Сириецот бил заведен како бегалец на 3 октомври.

Грчки полициски извори за Ројтерс соопштиле дека европските земји побарале од грчката полиција да го провери името на пасошот дали е регистрирано во листата на бегалци.

Ова е силна импликација дека терориститот влегол во Европа со тој пасош претставувајќи се како бегалец, кој потоа најверојатно стигнал до Франција низ Балканската рута, минувајќи низ нашата земја, Србија и понатаму до Германија и Франција. Се уште не е потврдено дали тој е вистинскиот сопственик на патната исправа, односно дали тоа е неговиот вистински идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top