| четврток, 6 декември 2018 |

Италија ја зајакнува граничната контрола

angelino-alfanoИталијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано денеска изјави дека Италија ја зајакнува граничната контрола на аеродромите, пристаништата и патиштата по синоќешните напади во Париз.

– Веќе наредивме да се зајакне граничната контрола, посебно на границата со Франција, истакна Алфано по седницата на советот за национална безбедност.

Тој нагласи дека зајакнато следење се координира со француските власти, со цел да се спречат минувања кои можат да ја нарушат морската истрага.

Северозападната италијанска област Пиемонте се протега на една од француските граници.

Италијанскиот министер додаде дека Италија не ја исклучува можноста за терористички упад на Апенините заедно со мигрантскиот бран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top