| четврток, 6 декември 2018 |

Свикан и Американскиот совет за безбедност

obama-national-security-councilАмериканскиот претседател Барак Обама денеска ќе ги информира неговите највисоки советници за најновите разузнавачки податоци во врска со терористичките напади во Париз, соопшти официјален претставник на Белата куќа.

– Пред да отпатува на самитот на Г-20, претседателот ќе го свика Националниот совет за безбедност со цел да се разгледаат најновите разузнавачки податоци во врска со нападите во Париз, истакна претставникот.

Групата Исламска држава денеска презеде одговорност за повеќе координирани напади извршени синоќа во Париз, во кои загинаа 128 луѓе, а 252 се сериозно повредени, од кои 80 се наоѓаат во критична состојба. Францускиот претседател Франсоа Оланд овие напади ги нарече „чин на војна против Франција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top