| четврток, 6 декември 2018 |

Топ ченел: Албанија е следната цел на терористите

tahiriОфицијална Тирана е загрижена бидејќи може да биде следна цел на терористички напади од страна на Исламска држава, откако албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири добил на својата електронска пошта порака со заканувачка содржина, пренесува Топ ченел.

– Сега сте вие на ред! Почна светата војна против оние кои учествуваат во борбата против ИД. Ќе се плашите и ќе молите на колена пред Алах, пишува во пораката која завршува со традиционалниот исламски извик „Алах е голем!“.

По ваквата порака припадниците на антитерористичките единици на албанската полиција започнале истрага.

Според Топ ченел, интересно е што оваа порака е испратена од адреса на „Црвените бригади“, која не може да се поврзе со комунистичката идеологија на овие групи, но испраќаат порака на верска основа, а според текстот може да се заклучи дека по Париз, Тирана е следниот град во кој може да се очекува напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top