| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Македонија го осудува терористичкиот напад во Париз

Премиерот Никола Груевски по повод терористичките напади во Париз испрати писмо со сочувство до францускиот премиер  Мануел Валс.

– Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Париз, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени и во овие тешки мигови на тага на пријателскиот француски народ, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување, наведува премиерот во писмото.

Додава во писмото дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.

– Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Франција и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме, се наведува во писмото со сочувство.

Според премиерот нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. – Тероризмот, пишува во писмото, не смее и нема да победи. Потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top