| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват ја купил јахтата на Березовски од 5 милиони евра

Како што објави компанијата Де Валк јахтс Франција, импресивната 49-метарска јахта Тандер Б, која беше во сопственост на Борис Березовски, му е продадена на Хрват.

Јахтата била изработена во 1990 година, а поради својот изглед отсекогаш ги привлекувала погледите на минувачите каде и да допловела, пренесува хрватски Индекс.

На јахтата може удобно да се сместат десет луѓе во пет апартмани, а освен хидромасажа има и сауна и базен.

Не е познато кој Хрват издвоил 5 милиони евра за овој луксуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top