| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ започна истрага за „Мастеркард“

Европската унија започна истрага против американскиот гигант од областа на кредитни картички „Мастеркард” поради провизиите кои им ги пресметува на странците со плаќање со платежни картички.

Европската комисија соопшти дека отворила истрага против „Мастеркард”, поради можноста за кршење на правилата на конкуренција во меѓубанкарскиот аранжман за провизиите и другите пракси, во услови каде европските клиенти и претпријатија вршат повеќе од 40 проценти од своите годишни трансакции преку картички.

-Спречувањето на таквите прекршоци е наш приоритет. Таквите провизии се, на пример наплаќање кога американски турист ја користи својата „Мастеркард” при купување во Европа- се вели во соопштението на Комисијата.

Оваа истрага дополнително го зголемува притисокот на „Мастеркард“ кој е веќе соочен со десетина тужби во Британија поради прекугранични провизии.

Од „Мастеркард” соопштија дека компанијата целосно ќе соработува со Комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top