| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Ахмети ќе се обидат да предизвикаат хибридна војна околу вонредните парламентарни избори

kurir.rs

Македонија е под закана на хибридна војна со оглед дека сценаријата за обоени револуции и албански тероризам и понатаму остануваат можни во блиска иднина. Суштината на проблемот е што политичката криза се разгорува со двоумењето на прозападната „опозиција“ да ги почитува првичните услови од договорот постигнат ова лето, предупредува аналитичарот Андреј Корибко во својата анализа која ја пренесува kurir.rs a се однесува за ситуацијата на Балканот. Во текстот под наслов „Сите знаат дека на Балканот се случува нешто лошо: Дали регионот е пред нова дестабилизација?“ Корибко предупредува дека „Зоран Заев и Али Ахмети жестоко се обидуваат да предизвикаат етнички и социјален раздор што би довел до хибридна војна, некаде околу вонредните избори на пролет“.

k2

Корибко смета дека на Балканот во моментот има три суштински проблеми: бегалската криза, трката за вооружување што ја отвори САД и хибридната војна во Македонија. Еве како според него тоа може да биде решено:

– На сите земји на Балканот во интерес им е да го сопрат протокот на мигранти и за таа цел најбрз и најупадлив метод е да вложат средства во градење мрежа на границата меѓу Македонија и Грција. Албанскиот премиер Еди Рама минатата недела предупреди на можно пренасочување на мигрантската рута кон Албанија поради блискоста со Италија. Бегалците ќе престанат да одат по старата рута и ќе тргнат по многу поудобната кратенка низ Албанија, вели Корибко.

k3

Во својата анализа на ситуацијата на Балканот, Корибко оценува дека „Македонците достоинствено му покажаа на светот како може да се победат обоените револуции ако патриотски ориентираното граѓанство застане во одбрана на државниот суверенитет и се спротивстави на заговорите ковани во странство“.

Нивната политичка свест и разбирање на глобалниот контекст на кризата што им се случи беа оружје кое го сопре обидот за дестабилизација и тој моде на отпор ги поттикна мултиполарните елементи во Црна Гора. Со тоа, демократската безбедност, чувањето и јакнењето на вистинската воља во народот како што се гледа во Македонија и Црна Гора ќе бидат клучен фактор во одредување на тоа дали централен Балкан ќе остане слободен или ќе се претвори во западен феуд, предупредува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top