Ријалити ѕвездата Скот Дисик (32) и најстарата сестра од кланот Кардашијан, Кортни (36), решија да ги отворат сите карти на маса.
Скот Дисик неодамна излезе од центар за рехабилитација, и признал на својата невенчана сопруга Кортни се што и правел зад грб.
– Скот и призна на Кортни дека спиел со повеќе од 40 жени откако ја прекинале врската, а и кажал и дека ја изневерувал во текот на нивната деветгодишна врска – изјавил доброупатен извор за „Холивуд лајв“,
Проблематичниот Скот кој е познат по разузданиот живот, наводно спиел и со сестрите на Кортни, 32-годишната Клое Кардашијан и 18-годишната Кајли Џенер.
Клое и Скот наводно се сплеткале минатата година кога Кортни го роди нивното трето дете, синот Реин Астон, а Скот на своите пријатели се фалел дека имал сексуални односи со Клое на одморот во Хемптонс, под туш.
Најмладата сестра од калнот Кардашијан /Џенер, Кајли Џенер пак завршила во кревет со својот зет, во пијана состојба по една забава.
Скот и Кортни ги имаат синовите Мејсон и Реин Астон и ќерката Пенелоп, а нивната врска е прикажана во реалното шоу „Во чекор со Кардашијанови“ кое се прикажува веќе 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
Кога дозна дека партнерот ја изневерува, познатата убавица се породи пред време
-
Мојот ангел наполни еден месец – Кајли Џенер ја покажа Сторми
-
По стапките на сестра и – Кортни Кардашијан објави врела фотографија(+18)