| четврток, 6 декември 2018 |

Стан по поволни услови преку „АРМ ­ мој вистински дом“

­ „АРМ ­ мој вистински дом“ е проект кој за нас е приоритет. Преку него припадниците на Армијата ќе имаат можност да го решат своето станбено прашање, односно да се здобијат со стан по мошне поволни услови, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски. ­

Zoran-Jolevski-int96-2

 

– Кредитите за купување на становите по градежна цена можат да се земат на 240 рати, односно 20 години. Припадниците на Армијата и цивилните лица во служба на Армијата нема да плаќаат ниту земјиште, ниту комунални такси, ниту камати за кредитите кои ќе ги добијат. Сето тоа ќе биде на товар на Министерството, истакна Јолевски во ијава за МТВ.

Според предвидената динамика, се очекува градбата на првата зграда да започне кон крајот на декември оваа година, односно почетокот на јануари 2016 година.

Во текот на денешниот ден, предвидено е министерот за одбрана да оствари и средба во Стопанската комора со цел да го објасни начинот на финансирање и да побара понуди од градежните компании, од кои ќе се избере најповолната и најквалитетна.

Министерот Јолевски, воедно, ги повика сите припадници на Армијата да се пријават на првиот Конкурс, кој трае до 20 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top