| четврток, 6 декември 2018 |

Ги засенија и натпреварувачите, Тамара и Елена на „Скопје 2015“ (ФОТО)

tamara elena

Во ревијалниот дел на синоќениот фестивал „Скопје 2015“, настапија двете млади, но искусни македонски пејачки, кои за многумина го поправија впечатокот од целата вечер.

Тамара Тодевска во јарка црвена боја и Елена Ристеска во креација на Мила Кадриу, вечерта испеаја по три евергрини со кои низ годините настапиле токму на „Скопски фестивал“.

tamara elena 2

Вечерта уште подобро за заокружи и роднинското трио Виолета Томовска, Олгица Христовска и Маја Саздановска, кои настапија во чест на Славе Димитров, кому синоќа му беше доделено признанието за животно дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top