Ана Бекута се најде како кандидат на неделните избори во Хрватска, но само на гласачкото ливче на еден нејзин обожавател од таа земја.
Имено обожавател на пејачката како четврта на листа ја навел Ана и за „гласал“ бидејќи најверојатно не бил задоволен од понудените опции. Пејачката на нејзиниот Твитер покажала колку ја воодушевил овој гест споделувајќи фотографија од ливчето на кое се нашла како кандидат.
-Дали сте слушнале за овој кандидат на изборната листа во Хрватска? – се пошегувала Бекута до фотографијата која ја споделила на социјалната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




